Таткото на Јамал ги провоцираше ривалите, обезбедувањето мораше да реагира (ВИДЕО)

Барселона во возбудлив натпревар славеше со 5-3 против Бетис во Севиља, а големо внимание привлече потегот на таткото на Ламин Јамал на трибините на стадионот.

Јамал го постигна петтиот гол за Барселона на натпреварот, а во меѓувреме неговиот татко Мунир Насрауи влезе во вербална пресметка со навивачите на Бетис и почна да ги провоцира.

Откако „зовре“ атмосферата на трибините, мораше да реагира и обезбедувањето кое се обидуваше да му објасни на Мунир дека треба да прекине со провокации кон ривалите.