Талентиран фудбалер на слатки маки: Челси ѝ ги расипува плановите на Барселона!?

Челси вчера го продаде Сеск Фабрегас во Монако, па веднаш тргна да бара негова замена, а очигледно изброт паднал на големата желба на Барселона, Адриен Рабио.

Фудбалерот на ПСЖ не сака да го продолжи договорот со францускиот клуб, па сака да си замине од Париз, а веќе неколку гиганти се поврзуваат со неговиот потпис.

Според „Л`Екип“ Челси е фаворит за неговиот потпис во моментов, па се очекуваат конкретни потези во следниот период, а постои голема можност да се договорат двата клуба.

Сепак, лондонскиот гигант освен конкуренцијата од Барселона, ќе се соочи и со интересот од Баерн Минхен.