Така работат големите: Јуве заработи 15 милиони евра од фудбалер кој не одигра ниту минута за првиот тим!

Старо-новиот италијански шампион Јувентус е познат по добрата работа на трансфер пазарот. Сега „старата дама“ ѝ го продаде крилниот фудбалер Рикаро Орсолини на Болоња за 15 милиони евра, иако овој фудбалер нема одиграно ниту минута за првиот тим на Јуве.

Тој беше најавуван како голема ѕвезда кога потпиша за „бјанконерите“ во јануари 2017. година. Тогаш се обврза на договор до 2021. година и веднаш беше испратен на позајмица во Аталанта, а потоа и во Болоња.

Минатата сезона ја одигра одлично, беше стандарден првотимец и затоа Болоња одлучи да го задржи. Јувентус заработи 15 милиони евра, а Болоња го доби 22-годишниот фудбалер во своја сопсвеност.