Тадиќ нападнат од навивачите на ПСВ по големото холандско дерби (ВИДЕО)

Душан Тадиќ од пенал му донесе реми 1-1 на Ајакс на гостувањето кај лутиот ривал ПСВ во рамки на холандскиот фудбалски шампионат. 

Србинот уште за време на дуелот имаше неколку вербални дуели со домашните фудбалери, особено пред изведувањето на пеналот во финишот од натпреварот. Неговите соиграчи го сопреа физички да се пресмета со капитенот на домаќините Дензел Дамфрис, кој беше најгласен во провокациите. 

Мала група навивачи на ПСВ по натпреварот чекаа пред автобусот на Ајакс и го нападнаа Тадиќ, кој беше погоден со паричка во главата.