Сусо се збогува со Милан: Шпанецот на пат кон Севилја! (ВИДЕО)

Кариерата на Сусо во Милан е завршена. Шпанскиот фудбалер е на пат да се врати во својата татковина и да ја продолжи кариерата во Севилја. 

Крилниот напаѓач денеска се збогувал со „росонерите“ и беше уловен од новинарите на аеродромот во Милано, каде се качил на лет за Севилја. 

Шпанецот беше најдобар фудбалер на Милан изминативе неколку сезони, но оваа натпреварувачка година игра под секое ниво. Навивачите брзо се свртеа против него откако не можеа да го препознаат на терен, па дури и направија кампања што побрзо да си замине до клубот.

Севилја прво ќе го позајми фудбалерот на шест месеци, а потоа и целосно ќе го откупи за 30 милиони евра.