Суперкомпјутерот пресмета: Ливерпул ќе биде шампион!

Манчестер сити минатата сезона ја освои титулата во Премиерлигата, но нема да ја одбрани, барем така покажаа резултатите од Суперкомпјутерот кој пресмета дека трофејот ќе му припадне на Ливерпул.

„Мирор“ ја објави прогнозата, а интересно е тоа што Ливерпул има големи шанси да ја освои титулата, иако Манчестер сити неодамна потпиша со Ерлинг Халанд, а чека уште неколку страшни засилувања.

Прв фаворит за титулата е Ливерпул, по што следи Манчестер сити, додека третата позиција му припаѓа на Арсенал, а во топ-6 се уште и Тотнем и Челси.