Суперкомпјутерот пресмета кој ќе биде шампион во Премиерлигата

Во Премиерлигата се води жестока битка за првото место меѓу Манчестер сити и Ливерпул, а денеска суперкомпјутерот ги „реши“ дилемите за тоа кој ќе биде шампион.

„Фудбал веб пејџес“ направи симулација на својот суперкомпјутер за да ги дознае позициите на тимовите на крајот на сезоната, а според резултатите Ливерпул ќе го скрши проклетството и ќе биде шампион.

Најголемо разочарување ќе доживее Манчестер јунајтед, кој игра фантастично под водство на Оле Гунар Солшер, но нема да обезбеди пласман во Лигата на шампиони.