Судиската глупост ќе се памети: Барселона со помош славеше над Малага! (ВИДЕО)

Барселона се зацврсти на врвот на Ла Лига, со осмата победа во девет кола, но овој пат со очигледна судиска помош. 

Каталонците триумфираа со 2-0 против Малага, а насока на мечот даде главниот судија уште во втората минута, кога го призна очигледно нерегуларниот гол на Делофеу. Лука Дињ се пробиваше по левата страна, но пред да центрира во петерецот отиде предалеку, па топката очигледно му излезе надвор од теренот, во гол-аут. Дури и фудбалерите на Малага застанаа, кога Делофеу непречено си погоди во мрежата. Судијата покажа дека е гол, а не помогнаа ни жестоките реакции на гостите.

По десетина минути во вториот дел Иниеста се потпиша под голот за 2-0, по асистенција на Иниеста и работата беше завршена. Малага немаше конкретна шанса, а Барселона дури беше враќана од славење поради офсајд, но и овие 2-0 беа доволни. Сега Каталонците имаат 25 бода пред Валенсија со 21, Реал има 17 и натпревар помалку.