Судијата на дербито помеѓу Борусија и Баерн ќе го тужи Белингам

Борусија Дортмунд вчера загуби со 2-3 на домашен терен од Баерн Минхен во големото дерби во Бундеслигата. По натпреварот, домашните фудбалери имаа сериозни замерки кон главниот судија Марко Хасе. 

Остар коментар за делењето на правдата имаше младиот Англичанец Џад Белингам, кој не се штедеше во нападите кон арбитарот.

„Кога на судија, кој има местено натпревари претходно, ќе му го дадете најголемото дерби во Германија, што очекувате да добиете?“, рече фудбалерот на Борусија по вчерашниот дуел.

Германскиот весник „Билд“ денеска објави дека судијата Хасе ќе испрати тужба против Белингам за клевета и нарушување на репутацијата.