Студен туш на „Емирати“: Вебстер ги замолкна навивачите на Арсенал (ВИДЕО)

Со голот на Адам Вебстер во 36. минута, екипата на Брајтон поведе на гостувањето кја Арсенал, и воедно ја продлабочи резултатската криза на „Топчиите“.

Арсенал веќе шест натпревари во домашното првенство е без победа, а судејќи по досегашните случувањата на натпреварот против Брајтон, оваа серија ќе продолжи. Последниот триумф Арсенал го извојува во Премиер лигата пред точно два месеци, кога славеше на домашен терен против Бормут со 1-0.  

Со овој резултат се замина на пауза, а доколку избраниците на Фреди Љунгберг сакаат победа, ќе мора да одиграат далеку поквалитетно во вториот дел.