Стоперите го спасиja Интер против фенерџијата Беневенто (ВИДЕО)

Интер еден час се мачеше против Беневенто, но набрзина успеа да го скрши отпорот на последнопласираниот тим во Серија А за да дојде до три бода. 

Стоперите Милан Шкрињар и Андреа Ранокија погодија во 66-тата и 69-тата минута за важна победа, која го одржа на третото место на табелата.