Столе Димитриевски номиниран за најдобар играч на колото во Ла Лига

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски продолжува да импресионира на голот на Рајо Валјекано во Ла Лига. 

Откако бранеше фантастично против Реал Мадрид, но и против Леванте, голманот имаше уште една импресивна претстава во рамки на 18.коло против Валјадолид. Димитриевски успеа да одбрани пенал и даму донесе триумф на својот тим до 1-0 на гостински терен.

Помеѓу номинираните за МВП на колото се и ѕвездата на Барселона, Луис Суарез, Вилијам Жозе од Реал Сосиедад и фудбалерот на Хуеска, Алкес Галјар.

За македонскиот репрезентативец можете да гласате ТУКА.