Столе Димитриевски е незаменлив во Рајо, Зидан среќата ќе си ја бара во Марсеј?

Македонската „единица“ Столе Димитриевски е прв голман на Рајо Валјекано, иако овој шпански клуб го зема од Реал Мадрид и Лука Зидан, вториот син на француската легенда Зинедин, актуелниот тренер на „кралскиот клуб“.

Но, иако Зидан дојде како голема перспектива, најголем дел од мечевите за Рајо се за Димитриевски, а младиот 22-годишен голман бранеше периодов кога Димитриевски имаше репрезентативни обврски. Но, веќе извесно е како што најавуваат француските медиуми дека ќе си оди од Рајо.

Зидан има само осум настапи сезонава, него заемот му завршува, но и Рајо нема да се обиде да го задржува, а во меѓувреме според последните информации, Олимпик Марсеј е најблизу да го земе. И само затоа што веќе има два голмани кои се практично пред пензија, Стив Манданда (36) и Јохан Пеле (38).

И самиот Зидан признава дека ако се случи да замине во Марсеј, тоа би било полн погодок.

„Не е битно каде би одел, дали Франција, Шпанија, Италија, многу е битен проектот на клубот. Секако враќањето во земјата каде сум роден е нешто прекрасно, а ако уште тоа е во Марсеј, клуб од градот во кој сум роден, кој е еден од најдобрите во Франција, со извонредни навивачи... Би сакал еден ден таму да играм“, вели Лука.

Засега наводно има интерес за трансферот, кој летово треба да се случи, но сепак останува да се види дали ќе се реализира како што најавуваат дел од француските медиуми.