Стивен Бергвијн од ПСВ и официјално во Тотнем

Крилниот напаѓач на ПСВ, Стивен Бергвијн е нов фудбалер на Тотнем, откако двата клуба во текот на вчерашниот ден ги завршија сите формалности. 

Холанѓанецот е веќе во Лондон, каде се фотографираше со дресот на Спарс, а го имаше и првиот разговор со менаџерот Жозе Мурињо. Фудбалерот кој има само 22 години важи за еден од најголемите холандски таленти и веќе има настапи за сениорската репрезентација на „лалињата“. 

Тотнем ќе плати 30 милиони евра за Бергвијн и плус бонуси. Неговиот договор со лондонскиот тим ќе трае до јуни 2025 година.