Пеколен план: Во Мадрид стигна прифатлива понуда за Роналдо!

Како што пренесуваат шпанските медиуми, на адресата на Реал Мадрид стигна понуда која ги задоволува критериумите на Кристијано Роналдо. 

Понудата е од Париз, од тамошниот шампион ПСЖ и гласи 100 милиони евра во кеш и плус Единсон Кавани, а за Роналдо 45 милиони евра по сезона со што би се изедначил со Меси според заработувачката.

Тоа би му овозможило на ПСЖ да формира пеколно трио, Роналдо-Нејмар-Мбапе, а во исто време да се ослободи Уругваецот, кој не е во добри односи со бразилската ѕвезда.

Дека ова не се празни шпекулации покажува и фактот дека Реал го убедува Азар да изврши притисок врз Челси и да му овозможи трансфер во таборот на европскиот шампион.

Во секој случај, Лопетеги треба да го убеди Бејл дека ќе биде главен играч во тимот, а тоа навистина би значело и заминување на Роналдо кој одлично го отвори Мундијалот во Русија со три гола против Шпанија.