Алиоски го „насамари“ Пепе, ама со Арсенал одигра и скоро - перфектно! (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски вчера се најде во фокус на вниманието откако го „насамари“ Николас Пепе, скапоплатената ѕвезда на Арсенал за да добие исклучување, по кое навивачите на „топчиите“ фрлаат дрва и камења по левиот бек, фудбалерите сакаа да се тепаат, а легенди го нарекоа „оскаровец“.

Лидс не успеа да го искористи повеќе од пола час тој момент со фудбалер повеќе, двапати дирекот, еднаш пречката беа сојузници за Арсенал, ама Алиоски стана главен на мечот поради инцидентот, иако ако се погледне статистиката против еден од најдобрите клубови во Островот, таа е уште подобра, па скоро и перфектна.

Популарбиот Џани одигра 90 минути, имаше 92 допири со топка, од нив 60 додавања од вкупно 67 му беа прецизност, а 20 од 24 додавања му беа во „последната третина“. Плус на терен освои девет дуели, имаше шест успешни стартови, исто толку одземени топки, четири продори, три скратени топки, две создадени шанси и еден шут.

За лев бек – одличен настап. Затоа и не треба да чуди што Биелса ги испофали.

„Џани е фудбалер кој игра со голем ентузијазам, со многу страст во секој момент кога е на теренот и кој секогаш ги користи своите ресурси за да биде многу ефективен на теренот“, рече Биелска.

Статистиката токму тоа го потврдува.