Стариџ ги отфрла сите обвинувања дека се обложувал на фудбал

Даниел Стариџ е во сериозен проблем откако Фудбалската асоцијација на Англија започна постапка против него поради обложување на фудбалски натпревари.

Фудбалерот на Ливерпул ги негира обвинувањата и преку соопштение на „црвените“ наведува дека целосно ќе соработува со ФА за случајот да биде расчистен.

„Даниел дава целосна соработка низ овој процес и го осигура клубот дека и во иднина ќе биде така за време на постапката. Фудбалерот исто така категорично тврди дека никогаш не се обложувал на фудбалски натпревари. Како и секој проблем од оваа природа, ќе направиме сè овој случај да биде завршен во целост пред да дадеме нови коментари“, стои во соопштението на Ливерпул.

Правилата на ФА се јасни, а според нив ниту еден професионален фудбалер не смее да се обложува на натпревари, ниту пак на било каков начин биде поврзан со обложување. Ако биде прогласен за виновен, Стариџ го чека сериозна казна.