Спортскиот директор на Јувентус открива како го договорил Роналдо

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи за јавноста откри како италијанскиот клуб успеал да потпише со Кристијано Роналдо. 

Не е дека Јувенутс инсистирал на трансферот, туку Роналдо флертувал со „Старата дама“ преку својот менаџер Жорге Мендеш. Веројатно ако Реал Мадрид и Јувентус не играа меѓусебе во Лигата на шампионите минатата сезона, трансферот можеби и немаше да се случи.

„Кога игравме во Мадрид, менаџерот Жорге Мендеш дојде до нас. Му реков, 'Роналдо против нас даде неколку неверојатни голови'. Тој ме погледна и ми одговори, 'Нема да ми верувате, но Роналдо ако го промени тимот, би сакал да му се приклучи на Јуве. Имајте на ум дека тоа и не е така чудно колку што си мислите. Ќе разговараме подоцна'“, објаснува Паратичи за „Газето дело Спорт“.

Директорот на Јувентус објаснува дека бил изненаден од зборовите на манеџерот на Јувентус.

„Почнав да размислувам за тоа и што ми кажа Мендеш. Потоа се состанавме со Португалецот повторно за да го комплетираме трансферот на одличниот Жоао Кансело и менаџерот на Роналдо повторно ме погледна. Ми беше јасно дека е сериозен. Ми рече, „Запаметете, ќе видите како Роналдо го напушта Реал Мадрид. Тој го сака само Јувентус. Играше за Манчестер јунајтед, кој е најголемиот тим во Англија, а потоа за Реал Мадрид. Роналдо игра само за тимови со голема историја. Никогаш нема играно во Италија и сака да ја освои италијанската лига. Ако го сакате, тој ќе биде таму'“, открива Паратичи.

Кратко потоа почнале и официјалните преговори. Менаџерот на Роналдо им открил колкава плата сака фудбалерот и колкава ќе биде оштетата за Реал Мадрид. Кратко потоа Португалецот се пресели во Торино за 100 милиони евра, и потпиша договор со плата од 35 милиони евра годишно.