Спортинг Лисабон тргна во потера – го купува синот на Роналдо!

Лисабонски Спортинг, чиј член е македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски тргнал во клучна акција да го донесе во пионерската школа синот на најголемата португалска ѕвезда Кристијано Роналдо, кој сега е дел од младите категории на Јувентус.

Роналдо проникна во Лисабон по што направи трансфер уште како тинејџер во Манчестер јунајтед, а потоа стана најскап светски фудбалер со трансфер во Реал Мадрид и во девет години остави таков белег, што тешко дека некој ќе го надмине во блиска иднина, патем освојувајќи четири европски титули во пет години. И Роналдо јуниор покажува талент како неговиот славен татко, па Спортинг не сака да чека и веднаш започнал акција за да го донесе во својата школа.

„Глобо Еспорте“ објави дека Роналдо јуниор на турнир во Мадера дал 19 гола на пет меча и ги воодушевил сите, а посебно луѓето од Спортинг. Сега останува да се убеди Кристијано, својот син да го пушти во Лисабон и осумгодишниот Роналдо јуниор да живее со својата баба во португалската престолнина.