Спортинг го совлада Порто на пенали за трофеј во Купот

Спортинг Лисабон, кадешто настапува македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, денеска славеше на пенали против Порто, откако по продолженија резултатот беше 2-2.

Соареш постигна гол за 1-0 во 41. минута, а четири минути подоцна Фернандез израмни на 1-1, по што двете екипи заминаа на продолженија, откако во второто полувреме не беше постигнат ниту еден погодок.

Дост направи целосен пресврт во 101. минута, а во 121. минута Фелипе успеа да избори пенали за Порто, но по изведувањето Спортинг славеше со 5-4.

Да потсетиме, Ристовски денеска не настапи затоа што е суспендиран.