Спировски со гол му помогна на Хапоел Тел Авив да обезбеди четвртфинале во Купот

Хапоел Тел Авив се пласираше во четвртфинале на израелскиот Куп по победата од 3-0 против Сахнин, а македонскиот репрезентативец Стефан Спировски беше стрелец на еден од головите.

Спировски во 40. минута од мечот ја затресе противничката мрежа за водство од 1-0 на Хапоел Тел Авив, по што во листата на стрелци се запишаа и Баршазк и Родригез.