Спектакл во Бундеслигата: Вердер губеше 3-0, па победи 3-4! (ВИДЕО)

Фантастично попладне имавме денеска во германската Бундеслига. Прво Ајнтрахт со 4-2 го совлада Холштејн Кил, а уште повозбудливо беше на дуелот помеѓу Хофенхајм и Вердер.

Во овој натпревар Хофенхајм до 12 минута постигна три гола и водеше со 3-0, но на крајот беше поразен со 4-3.

Батлер постигна два гола во петтата и осмата минута, додека третиот беше дело на Холџек. Проблемите за домаќините започнаа во 18. минута кога директен црвен картон заработи Нсоки.

Со играч повеќе на теренот гостите успеаа да изедначат уште до крајот на првото полувреме. Еден гол постигна и два Стаж.

На почетокот на второто полувреме Стаж постигна уште еден гол за 4-3. Тој резултат на крај се покажа и како конечен.