Сопругата на Кејлор Навас (не)сакајќи откри каде ќе брани Костариканецот идната сезона

Откако дојде белгиската голманска ѕвзеда Тибо Куртоа во Реал Мадрид, повеќе од јасно беше дека Костариканецот Кејлор Навас нема да биде прв избор во Реал Мадрид, но голманот кој освои три европски круни со „кралевите“ не сакаше туку така да си замине.

Многумина се понадеваа дека Навас ќе преживее со враќањето на Зинедин Зидан, ама ангажманот на Куртоа е преголем залак за Белгиецот да биде резерва на „Сантјаго Бернабеу“, па оочигледно Костариканецот веќе нашол нова дестинација. И случајно или не, истата ја откри неговата сопруга Андреа Салас.

Навас и сопругата биле на неколкудневен одмор во Порто, а Салас кратко на социјалните мрежи напишала - „остануваме тука“.

Сооглед дека Порто нема голман откако Икер Касилјас доживеа срцев удар и практично ја заврши кариерата, сега Навас би требало да биде неговата замена на голот на двојниот европски првак.

Останува сепак да се види дали трансферот на Навас во Порто навистина ќе се случи, или пораката од сопругата на голманот е само „лажна тревога“. Навас сезонава во Реал запиша само 19 настапи и е очигледно незадоволен од статусот во клубот.