Сон од трагичар стана херој на Тотнем (ВИДЕО)

Кореецот Сон со гол во 94. минута му донесе голема победа на Тотнем на гостувањето кај Астон Вила, во рамки на 26. коло во Премиер лигата.

Во првото полувреме њубителите на фудбалот можеа да видат дури три погодоци, иако имаше шанса и за повеќе. Дефанзивецот на Тотнем прво погоди во сопствената мрежа во 9. минута, а потоа израмни на 1-1 во 27. минута. Пред крајот на првиот дел Јунг-Мин Сон промаши пенал, а потоа од втор обид успеа да  реализира.  

Во второто полувреме Астон Вила израмни преку Инџелс, а кога сите помислија дека ќе дојде до поделба на бодовите, Сон по еден кикс на одбраната на Астон Вила, излезе „очи во очи“ со голманот на противничкиот тим и успеа да ја смести топката во мрежата за голема победа на Тотне.

Со овој триумф се доближи до четвртопласираниот Челси на само еден бод и воедно најави „војна“ за последната позиција која води во Лигата на шампиони.