Сон донираше 100 илјади фунти и беше критикуван што не дал повеќе!

Јужна Кореjа прогласи вонредна ситуација во земјата по големиот шумски пожар. Оганот уништи дури 135 домови, а во гасењето на истиот учествуваа 17 илјади припадници на пожарната служба.

Откако дозна за ужасните вести, Јужно Корејскиот фудбалер Сон одлучи да донира 100 илјади фунти за жртвите од пожарот. Фудбалерот на Тотнем се смета за национален херој и е еден од многубројните луѓе кои донираа.

„Иако живеам во странство, знам што се случува во мојата земја. Мислам дека донации мора да има кога има вакви катастрофи. Парите се најмалку важни“, изјави Сон.

И покрај неговата донација Сон беше критикуван од некои медиуми во Јужна Кореја затоа што сметаат дека требал да даде поголема донација. Кореецот заработува 140 илјади фунти неделно во Тотенхем.