Солшер за поразот од Вест хем ги обвини - судиите!

Манчестер јунајтед синоќа доживеа пораз на домашен терен од Вест хем со 0-1 во Лига Купот и така беше елиминиран, а тренерот Оле Гунар Солшер воопшто не е задоволен од судењето на натпреварот.

Голот за победа на „чеканите“ го постигна Мануел Ланзини во седмата минута од натпреварот, а домаќините имаа шанси да се вратат во мечот, но сепак на крајот не успеаа во намерата.

Солшер не е среќен затоа што неговата екипа нема да се бори за трофејот во Купот, а не се среќни ниту навивачите.

„Не би зборувал премногу и не би барал изговор, но имаше пенал врз Лингард. Направивме притисок по примениот гол. Гринвуд ја внесе потребната свежина во екипата, но не помогна премногу. Сакавме да се пласираме во следното коло, но ова е долга сезона и ќе има уште многу тешки натпревари“, вели Солшер.