Солшер со урнебесна споредба: Санчез е како кечап!

Алексис Санчез пристигна во Манчестер јунајтед во 2018 година од Арсенал, но уште не може да ја пронајде својата форма и да заигра како што настапуваше во гигантот од Лондон.

„Црвените ѓаволи“ се разочарани од неговите настапи, зашто досега одигра 37 натпревари и постигна само пет голови и девет асистенции, но тренерот Оле Гунар Солшер верува дека работите ќе се променат.

„Сите знаеме дека Санчез е одличен фудбалер. Во него се наоѓа фудбалер, кој е неверојатен, но сега е како кечап во шише кога не може да го истиснете. Но, штом тргне, тогаш сум сигурен дека ќе растури. Треба да бидеме трпеливи и да му дадеме поддршка“, вели Солшер.

Норвежанецот со изјавата ги воодушеви навивачите на Јунајтед и сигурно ќе се обиде да му ја врати формата на Санчез.