Солшер по болното реми со Саутемптон призна: Не заслуживме три бода!

Манчестер јунајтед испушти шанса да запише триумф против Саутемптон (2-2), откако прими гол дури во 96. минута од мечот.

Тренерот Оле Гунар Солшер беше разочаран по ремито на неговата екипа против Саутемптон, зашто испуштија и можност да ги скокнат ривалите Лестер и Челси во борбата за пласман во Лигата на шампиони.

„Секогаш е тешко да примите гол во последните секунди, но и тоа се случува во фудбалот. Не ги заслуживме трите бода денеска. Тие играа одлично, а ние не можевме да влеземе во ритам“, кажа Солшер.