Солшер на праг да урне уште еден негативен рекорд со Јунајтед

Манчестер јунајтед беше поразен на гостувањето кај Вест хем со 0-2. Екипата на Оле Гунар Солшер повторно одигра лош меч, во кој разочара.

„Црвените ѓаволи“ имаат очаен старт на сезоната, кадешто во првите четири кола освоија само пет бода, а тоа не им се случило од 1992/93, а потоа стигна минималната победа против Лестер.

Сепак, кога навивачите очекуваа Јунајтед да влезе во серија победи, токму тогаш следуваше шок во Лондон.

Јунајтед прими два гола и ја продолжи серијата на 11 меча по ред во сите натпреварувања, кадешто во гости примила барем еден гол.

Доколку во следните четири гостувања Јунајтед не ја зачува мрежата, тогаш ќе го урне рекордот од 2002 година.