Соиграч на Ристовски му го спаси животот на својот голман и тоа – среде меч! (ВИДЕО)

Уругваецот Себастијан Коатес, соиграч на македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски, е херојот на неделата во Португалија, откако спречи голема трагедија на неодамнешниот меч на Спортинг против Портимоненсе.

Голманот на составот од Лисабон во второто полувреме удри со главата во статива во обид со атрактивна парада да го одбрани својот гол. Ромејн Салин лежеше речиси без свест, а кога Коатес го забележа тоа му пријде и му пружи прва помош, вадејќи го неговиот јазик за да спречи гушење со што и му го спаси животот.

На стадионот беше апсолутен молк додека се случуваше немилиот настан, а несреќниот голман беше поздравен со громогласен аплауз кога на носилки беше изнесуван надвор од теренот.