СМС добива нов договор: Србинот нема повеќе да има откупна клаузула!?

„Спорт Медијасет“ објави дека српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ - Савиќ е подготвен да потпише нов договор со Лацио на пет години.

СМС според новиот договор би требало да заработува околу три милиони евра и тоа без бонуси за голови и асистенции.

Србинот сака да остане во Рим, а претседателот на клубот Клаудио Лотито нема намера да го пушти во Интер или Јувентус, па поради тоа ќе ја исфрли и откупната клаузула од неговиот договор.