Смолинг не сака да чуе за Манчестер јунајтед

Англискиот дефанзивец и член на калчолигашот Рома, Крис Смилинг, сака да остане во римскиот клуб, пишува „Кориере дело Спорт“.

Смолинг, кој е на позајмица на „Олимпико“ од Манчестер Јунајтед, имал разговори со шефовите на „волчицата“ и изразил желба да остане во Италија.

Двата клуба се во напредни преговори и голема е веројатноста Англичанецот да го продолжи престојот кај „Римјаните“.

Крис Смолинг веќе има одиграно 21 натпревар за Рома, постигнувајќи два гола и една асистенција.