Слеп навивач верно го бодри омилениот клуб: Фудбалот не се гледа, туку се чувствува!

Колку е голема љубовта кон фудбалот, луѓето низ светот постојано ни докажуваат, а една од таквите потврди стигнува од Шпанија.

Меѓу верните навивачи на Малага се наоѓа и едно младо момче кое чуствува голема страст кон фудбалот, иако не гледа, а неговото име е Хуан Антонио Замора.

Во првиот ред на долниот дел на трибините до корнер знаменцето на стадионот „Ла Росаледа“ е резервирано место за 25-годишниот навивач.

Иако живее на 100 км од стадионот, сепак нема проблем да патува секој викенд за да му даде поддршка на својот клуб.

„Фудбалот е моја најголема страст. Се обидувам да го објаснам тоа на луѓето кои се околу мене. Им зборувам на луѓето дека нема потреба да се гледа фудбал, туку ги советувам да ги затворат очите и да ја послушаат атмосферата зашто фудбалот се чувствува“, вели Замора.