Сламка на спас за култниот клуб: Сент Етјен со автогол конечно победи по - два месеци!

Култниот Сент Етјен, поранешниот француски првак после мизерни два месеци и серија од седум порази во низа со кои беше закован на последното место, се фаќа за „сламката за спас“ во сезонава после многу важната победа на гости кај Анже со 1-0 во заостанат меч од 20-то коло во Лига 1.

Последен пат кога Сент Етјен победи беше на 21 ноември против Троа и оттогаш овој клуб немаше освоено бов цели два месеци и загуби седумпати во низа, па сега со третиот триумф сезонава се враќа во трката за опстанокот, на пет бода од сигурната зона.

Фудбалерот за врска на Анже, Батиста Менди на две минути пред крајот на полувремето си даде автогол со кој Сент Етјен на крајот успеа да запише многу важна победа за да ја намали негативата во однос на безбедната зона, па сега со 15 бода остануваат последни на табелата, но Бордо и Троа по 22 рунди се на пет разлика, на 16 кола до крајот на сезоната, но култниот клуб ќе треба да влезе во позитивна серија ако сака да се спаси од пропаст и испаѓање.

Анже остана на 29 бода на 12-то место на табелата.