Скандал во Торино: Ниту со ВАР не смее да има пенал против Јувентус (ВИДЕО)

Јувентус ја совлада Болоња со 2-1 во Серија А, но натпреварот предизвика неверојатни реакции на социјалните мрежи поради недосудениот пенал за гостите во самиот финиш. 

Матијс де Лихт очигледно играше со рака во својот шеснаесетник во судиското продолжение, но судијата Масимилијано Ирати не покажа на белата точка. Ниту консултацијата со ВАР-собата не донесе ништо за гостите од Болоња, кои очигледно со право беа фрустрирани. Чудно е што Ирати не побара сам да ја прегледа ситуацијата, бидејќи имаше очигледна игра со рака. 

Според новите правила во фудбалот, секоја игра со рака во шеснаесетникот е пенал, без исклучок. Но очигледно против Јувентус не смеат да се судат пенали во финишот, особено кога тоа може да има влијание на конечниот исход.