Скандал во Премиерлигата: Фудбалер силувал малолетничка, идентитетот се крие од јавноста

Британските медиуми дека наговестија дека на повидок е нов скандал во светот на фудбалот бидејќи уште еден играч кој настапува во Премиерлигата е обвинет за силување.

Изминативе години имаше доста вакви случаи во светот на фудбалот, а нов скандал денеска ја потресе Англија. Мирор објави дека фудбалер чиј идентитет сѐ уште е познат е обвинет дека силувал 15-годишно девојче во камп во Франција.

Откриено е само дека тој играч моментно настапува во еден од премиерлигашите, а тогаш имал 17 години кога наводно го силувал девојчето. Медиумите на Островот наведуваат дека тоа се случило на 7 јули 2012 година кога 15-годишното девојче било најдено повредено во една од собите во кампот во јужна Франција.

Таа сега има 21 година и одлучила да му се обрати на судот во Англија. Таа тврди дека тогаш двајца странци ја нападнале неа и пријателката и го искористиле моментот дека се пијани. Исто така, таа тврди дека имало сведоци кои знаеле дека тие се малолетни, но никој не реагирал. Младиот фудбалер кој денеска има 23 години изјавил дека не е виновен, како и дека немал никаков однос со девјката.