„Скај Спортс“ знае која формација ќе ја користи Мурињо против Вест хем (ФОТО)

Португалскиот тренер Жозе Мурињо утринава беше поставен за нов тренер на Тотнем, кадешто го наследи Маурицио Покетино, кој го водеше лондонскиот тим пет ипол години.

Мурињо утре ќе го има првиот тренинг со Тотнем, кој од клупата ќе го предводи тимот следниот викенд против Вест хем  во рамки на 13. коло од англиската Премиерлига.

„Скај Спортс“ направи интересна анализа за тоа како ќе изгледа Тотнем, па најверојатно Мурињо ќе игра во формацијата 4-2-3-1.