„Скај Спортс“: Погба донесе одлука за неговата иднина (ФОТО)

Пред три години Пол Погба се пресели од Јувентус во Манчестер јунајтед за неверојатни 105 милиони евра. Тоа лето 26-годишниот фудбалер стана најскап играч во светот, а три години подоцна Французинот би можел да се врати во италијанскиот шампион.

Французинот, наводно, е подготвен да го одбие својот сонародник и тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, кој му понудил одличен договор доколку се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Погба така по вторпат би заиграл во Торино, а Јувентус за неговите услуги ќе треба да плати 100 милиони евра, но исто така ќе треба да му даде и плата од 10 милиони евра годишно.

Да потсетиме, францускиот фудбалер во Јувентус до 2016 година одигра 178 меча и постигна 34 гола.