Сити лесно преку Барнли до четвртфиналето во Лига Купот (ВИДЕО)

Манчестер сити брзо се опорави од дебаклот од Лестер во Премиерлигата, бидејќи денеска со 3-0 славеше на гостувањето кај Барнли во осминафиналето на Лига Купот. 

Рахим Стерлинг беше стрелец на првите два гола за „граѓаните“ во 35-тата и 49-тата минута. Точка на победата за гостите стави новајлијата Феран Торес во 65-тата минута. 

На првиот денешен натпревар Њукасл на пенали го елиминираше четвртолигашот Њупорт. По регуларните 90 минути резултатот беше 1-1, но премиерлигашот беше подобар изведува на пенали и славеше со 5-4.