Сити го слави Сон: Тотнем извлече реми со Ливерпул на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Ливерпул и Тотнем одиграа 1-1 во рамки на 36.коло во Премиерлигата, а најрадосен по овој резултат е Манчестер сити. 

Хјонг-Мин Сон погоди за 0-1 56.минута Луис Дијаз израмни во 74.минута. И покрај притисокот на „црвените“ во судиското продолжение, Спарс можеа да дојдат до трите бода ако Пјер-Емил Хојбер решеше со глава да бие во голот на Ливерпул наместо да го проигрува Хари Кејн. 

Ливерпул со овој бод се израмни со Манчестер сити на врвот со 83 бодови, но „граѓаните“ утре го играат својот натпревар со Њукасл и ако победат можат да направат огромен чекор кон одбрана на титулата.