Сите фудбалери на Сити им аплаудираа на играчите на Луверпул, само еден – не! (ВИДЕО)

Пред неколку дена Манчестер сити го совлада Ливерпул со 4-0 на домашен терен. Тоа беше натпревар во кој „граѓаните“ ги пречекаа новите шампиони, на кои мораа да им подготват шпалир каде сите фудбалери на Сити аплаудираа, освен еден.

Имено, додека фудбалерите на Ливерпул излегуваа од соблекувалната, сите играчи на Манчестер сити ги аплаудираа, но не и Бернардо Силва. Тој само стоеше и ги набљудуваше играчите на Ливерпул како поминуваат покрај него, привлекувајќи го гневот на англиската јавност.