„Сините“ ќе треба да платат огромна сума на пари: Конте го доби спорот против Челси!

Антонио Конте го победи Челси во судската постапка која ја покрена против својот поранешен клуб. Челси минатото лето го смени Конте, а сега ќе мора да му исплати отшета од девет милиони фунти.

Италијанскиот тренер со Челси ја освои Премиерлигата и ФА купот со тимот од „Стемфорд бриџ“. Англиските медиуми пишуваат дека судот ја донел одлуката во корист на Конте. Сопственикот на Челси, Роман Абрамовиќ до сега за отшета на поранешни тренери исплатено дури 70 милиони фунти.