Силва е џокерот на Гатузо, Милан на пет бода до Лигата на шампионите! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан забележаа тешка, но многузначајна победа денеска во Серија А, совладувајќи го Кјево со 3-2 во Милано.

Росонерите одлично отворија и поведоа преку Чалханоглу во 10-та минута, но во 33-та и 34-та минута, Стеински и Инглезе го шокираа „Сан Сиро“ со двата брзи гол, па Кјево на одмор замина со предност од 2-1.

Сепак, не долго по стартот на вториот дел, Милан се врати во егал со голот на Кутроне, а победата на тимот на Џенаро Гатузо му ја донесе Андрес Силва во 82-та минута, кој во игра влезе од клупата за резервни фудбалери во вториот дел. Во судиското продолжение, Кеси промаши пенал за поубедлив триумф на Милан.

Со овој триумф, Милан сега има 50 бода на табелата и комплетно се врати во игра за третото место на табелата, кое моментно го држи Интер со 55 бода, пред четвртопласиранито Лацио со 53. Во последните 10 кола нѐ очекува пеколна битка за оваа позиција.

Серија А, 28-мо коло:

Милан - Кјево 3-2
Беневенто - Каљари 1-1
Кротоне - Рома 0-2
Торино - Фиорентина 1-1
Верона - Аталанта 0-5

Табела: Јувентус 75, Наполи 70(-5), Рома 59, Интер 55, Лацио 53, Милан 50, Аталанта 44...