Сигурно многу болело: Просинечки првпат откри зошто мораше двапати да биде опериран!

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња на просторот на поранешна СФР Југославија, Роберт Просинечки, во интервју за хрватскиот медиуми првпат откри детали за сериозните здравствени проблеми со кои се соочуваше кон крајот на минатата година, а поради кои мораше двапати да биде опериран.

Тој потврдува дека сега е добро, но дека минал низ период во кој морал и тоа како да им верува на „луѓето во бело“.

„Ми пукна дебелото црево и поради тоа морав итно на операција. Најважно од сѐ е што сум дошол на преглед во вистинско време. Втората операција беше поради тоа што ми се отвори раната. Не ми беше лесно во болница, бидејќи кога сте таму постојано размислувате кога ќе излезете надвор. Сега функционирам нормално, јадам нормално и не сум на посебен режим. Ќе мора да направам уште една рутинска операција, но дури кога ќе имам за тоа време““, изјави Просинечки.

На прашањето на новинарите дали овие проблеми значи дека конечно ќе стави крај на пушењето, нешто што е негов заштитен знак уште од играчките денови, тој имаше интересен одговор.

„А, зошто би престанал? Каква врска има пушењето со дебелото црево?“, не се дава популарниот „Жути“.