Сидорф стартуваше со пораз: Депортиво се поблизу до Сегунда (ВИДЕО)

Дебито на Кларенс Сидорф на клупата на Депортиво Лакоруња не мина според очекуваното, откако неговиот нов тим на домашен терен загуби од Бетис со 0-1 во рамки на последниот натпревар од 23.коло во Ла Лига.

Стрелец на единствениот гол на „Ријазор“ беше Лоренцо Морон во 54-тата минута од натпреварот. За Депортиво ова беше втор пораз по ред, а последната победа ја оствари на 9 декември против Леганес.

Депортиво е на претпоследната позиција на табелата е флертува со испаѓање во Сегунда дивизион. Бетис е на осмата позиција и се надева на излез во Европа.