Швајцарија ги одложи сите мечеви во двете фудбалски лиги поради коронавирусот

Швајцарија ги одложи сите спортски настани, меѓу кои и мечевите во двете фудбалски лиги во оваа земја поради епидемијата на коронавирусот која ја зафати најмногу Италија, но полека овој вирус се шири низ целиот континент.

Сојузниот совет на Швајцарија на прес-конференција објави дека сите настани на кои би требало да присуствуваат над 1.000 луѓе се забранети најмалку до 15 март поради епидемијата со коронавирус, па Швајцарската фудбалска лига по тие препораки ги откажа мечевите од 24-то коло во оваа сезона.

Сооглед дека препораките траат до средина на март, сега лигата ќе донесе одлука за следното коло кое е закажано да се играат мечевите без публика, а дополнително ќе се решава кога и во кој термин ќе се одигра ова вонредно коло.

За разлика од Швајцарија, Италија која е најпогодена земја од коронавирусот во Европа, не ги откажа мечевите, туку тие ќе се играат без публика.