Што повеќе да добијат: ПСЖ ја одби најневеројатната понуда за Нејмар

Францускиот шампион ПСЖ одби спектакуларна понуда за Нејмар, која ја испрати Реал Мадрид, а во неа беа вклучени 111 милиони евра плус тројца фудбалери.

„Л’Екип“ пишува дека „кралевите“ ги понудиле Хамес Родригез, Герет Бејл и Кејлор Навас плус 111 милиони евра за трансфер на Нејмар, но тоа не го прифатиле парижаните.

Како објаснување за неверојатниот потег на ПСЖ е тоа што тројцата фудбалери имаат големи плати, па тие би ја надминале платата која ја има Бразилецот во моментов.

Преодниот рок завршува на втори септември, а дотогаш Јувентус, Реал Мадрид и Барселона ќе се обидат со друга понуда да ја убедат управата на ПСЖ да го пушти Бразилецот.