Што кажа поранешниот менаџер на ВБА за „неталентираниот“ Гнабри во 2015 година

Серж Гнабри синоќа постигна четири голови во победата од 7-2 на Баерн Минхен на гости против Тотнем во Лигата на шампиони. 

Германскиот репрезентативец добро го познава англискиот фудбал, бидејќи добар дел од кариерата како млад фудбалер ја мина во Арсенал. Во 2015 година тој беше позајмен во ВБА за да собере искуство и да одигра што повеќе натпревари.

Сепак, тогашниот менаџер на тимот од Бирмингам, Тони Пјулис веруваше дека Гнабри нема доволно квалитет да игра за овој тим, кој се бореше за опстанок во Премиерлигата.

„Серж дојде тука да игра натпревари, но едноставно не е на тоа ниво да ги игра натпреварите во ВБА“, изјави Пјулис.

Четири години подоцна, Гнабри е можеби најдобриот фудбалер на еден гигант како Баерн Минхен, игра стандардно за германската репрезентација и на Тотнем му даде четири мајсторски голови среде Лондон.