Шпански голман скокна како мачка и успеа да спаси чист гол (ВИДЕО)

Вчера Лас Палмас на свој терен го совлада Мирандез со 1-0 во рамки на 40. коло од втората шпанска лига, а мечот го одбележаа две одбрани од 25. минута на голманот на Мирандез, Раул.

Прво успеа да го одбрани слободниот удар на Лемос, по што заврши во стативата. Сепак, топката остана пред голот, а набрзо голманот како мачка скокна и успеа да спаси чист гол.