Шпанците откриваат: Барселона криела дека има пет заразени фудбалери

По пауза од скоро три месеци, сезоната во шпанската Ла Лига продолжува на 12 јуни со дербито меѓу Севилја и Бетис.

Шпанците неодамна донесоа официјална одлука да ја продолжат Ла Лига на 12 јуни, а натпревари ќе има речиси секој ден. Тие направија јасен распоред за да може лигата да се комплетира до почетокот на август.

Се разбира, пред да започнат со тренинзи, сите играчи и членови на првите екипи на шпанските клубови мораа да бидат тестирани неколку пати за Ковид-19. Во Шпанија немаше многу заразени во клубовите, но „РАК 1“ пишува дека не сите клубови навистина ја објавиле вистината.

„РАК 1“ синоќа објави дека има заразени лица во тимот на Барселона. Наводно, дури пет играчи и двајца тренери од тимот биле позитивни во првиот бран на тестирање.

Ниту еден од нив не покажал симптоми и многу брзо се опоравиле, но многумина се прашуваат зошто Барселона ги криела резултатите.